Денеска од 13 часот закажани се четири од петте натпревари во ПМФЛ. Дербито меѓу Работнички и Шкендија се игра утре, додека денеска не очекуваат навистина супер-интересни четири натпревари. Вардар гостува кај Струга ТЛ, додека „жешко“ и тоа како ќе биде во Кратово, каде Силекс му е домаќин на Шкупи. Знаеме како чаирчани минаа и го оставија во солзи тимот на Силекс во 1/8 финалето во Купот, затоа сега момците на тренерот Горан Симов очекуваат слатка одмазда.

Во Велес никој гостин досега не се радувал на победа. Тука не победија ни Вардар, Шкендија, Работнички, Шкупи, А.Пандев… ќе може ли тоа да го стори Македонија ЃП, тим кој што во последно време е во катастрофална форма. Бодови од огромна важност за двете екипи, ќе има тука борба до истребување што се вели.

„ПАНДЕВЦИ“ ПОД ШАРА БЕЗ НАЈДОБРИТЕ…

Драстично ослабена ќе биде Академија Пандев на гостувањето кај Ренова. Тренерот Југослав Тренчовски поради повреда не може да смета на Дориев, Стоилов и Димов, најдобрите во нападот, во средниот ред и одбраната. Голем, голем хендикеп. Како ли ќе играат „пандевци“ под Шара кај Ренова коха не крие дека посакува само три бода и ништо помалку.

Ренова е екипа која почна навистина одлично во сезоната, едно време важеше и за „непобедливата Ренова“, но како што одминува времето се гледа дека тренерот Бујар Османи го плаќа данокот на тенката клупа.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13:00 Ч

КРАТОВО: Силекс – Шкупи

СТРУГА: Струга ТЛ – Вардар

ТЕТОВО: Ренова – А. Пандев

ВЕЛЕС: Борец – Македонија ЃП

УТРЕ 13:00 Ч

СКОПЈЕ: Работнички – Шкендија

ТАБЕЛА

  1. ВАРДАР 30
  2. А.ПАНДЕВ 25
  3. ШКЕНДИЈА 18
  4. ШКУПИ 18
  5. СИЛЕКС 18
  6. МАКЕДОНИЈА ЃП 17
  7. СТРУГА ТЛ 15
  8. РЕНОВА 14
  9. БОРЕЦ 14
  10. РАБОТНИЧКИ 11