Еурофарм Работник нема среќа сезонава. Битолската гордост не само што загуби неколку натпревари во неизвесна завршница, тренерот Стевче Алушовски мака мачи со повредени играчи.

На денешниот дуел против Спортинг Лисабон на гости, во составот на македонскиот вицепрвак нема да биде Стјепановиќ, кој скина лигаменти. Алушовски нема да смета ниту на Кукоски, Маркоски, Вегар и Чаневски.

Еурофарм во елитното натпреварување има само една победа и тоа на домашен терен. Португалскиот вицепрвак е еден од оние тимови кои во Битола си замина со целиот плен, а беше „печен“ за пораз, но неискуството и она лошо традиционална игра во второто полувреме беше клучна за крајниот исход. Победа на денешната средба закажана во 19:30 часот ќе биде сензација.