Кога Вардар не знае да даде гол, стружани и тоа како знаат. Струга ТЛ по првите 45.минути води со 2:0, и тоа со головите на Кировски во 24. и Тафе во 45+1. Но Вардар сам си е виновен, на 0:0 имаше два зицери, просто неверојатно е што промашија Попзлатанов и Мицевски, имаше и Аврамовски шанса. Но бадијала, домашните жестоко казнија. Поради повреда Али Адем го напушти теренот. Имаше и спорен момент, кога Ѓуриќ фаулираше еден вардаров играч, тоа беше пенал но судијата претходно видел офсајд.

Под Шара „пандевци“ водат со голот на Сашко Пандев во 8.минута, но „гипсарите“ се гневни. Имено тие бараа пенал од суди8јата Јакимовски откако Маслаќ играше со рака во својот шеснаесетник во 21.минута.

Во Кратово домашниот Силекс со голот на Жеравица води против Шкупи, се знаеше дека тешко се игра во Кратово.

И во Велес со голот на Боби Божиновски во таа 28.минута, Во Велес 1:1, Божиновски им донесе водство на „лавовите“ во 28.минута, додека на 1:1 велешани израмнија во последните секунди.

РЕЗУЛТАТИ ПО 45.МИНУТИ

СТРУГА ТЛ – ВАРДАР 2:0

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1:1

СИЛЕКС – ШКУПИ 1:0

РЕНОВА – А.ПАНДЕВ 0:1

УТРЕ:

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА