Видео технологијата беше поставена на англиските стадиони за да се нема контроверзни ситуации и голови, но се чини дека ништо не е сменето. ВАР само ги потврди своите недостатоци, а судиските грешки станаа се поголеми…

Неколку пати се реагираше на ВАР ситуации во Премиер лигата, а денеска повторно се случи спорен момент на дуелот меѓу Тотенхем и Шефилд Јунајтед кој заврши 1:1.

На Шефилд му беше поништен погодок за победа во 62 минута кога Давид Мек Голдрик ја затресе мрежата за 1:1, но судијата со помош на ВАР оцени дека претходно имало офсајд. Сами проценете дали имало недозволена позиција…

Сепак, во 78 минута Џорџ Балдок прими убав пас и ја затресе противничката мрежа. Судијата повторно одлучи да ја провери ситуацијата, но сега немаше ништо спорно. Голот е признат за конечни 1:1…

Во другите мечеви од 12 коло, Барнли на свој терен го уништи Вест Хем (3:0), Челси го победи Кристал Палас (2:0), Њукасл славеше над Борнмут (2:1). Евертон ги однесе бодовите од гостувањето кај Саутемптон (2:1).