Ракометарите на Келце имаа проблеми со летовите вчера и по 18-часовно патешествие по аеродромите пристигнаа во Скопје. Екипата пристигна, но не и нивните торби со опремата…

Со оглед на сите проблеми кои ги имаа Талант Душебаев не сакаше неговите играчи ниту да тренираат, па така полскиот првак без тренинг во СЦ „Јане Сандански“ ќе излезе на мегдан против Вардар денеска (17:30 часот).

Вардар и Келце играат меч кој директно влијае за втората позиција во групата Б.