Претходното коло го видовме дуелот помеѓу Пандев и Нестровоски на мечот меѓу Џенова и Удинезе кој им припадна на „црно-белите“ од Удине. Вечерва Елмас и Наполи ќе им се спротистави на Џенова и Пандев во италијанскиот шампионат. Наполи и покрај проблемите последните денови е фаворит, а се освен нивна победа ќе биде катастрофа која ќе предизвика нови проблеми во клубот на релација играчи-управа и играчи-навивачи.

АНГЛИЈА 1

ТОТЕНХЕМ

ШЕФИЛД ЈУНАЈТЕД

Тотенхем од почетокот на сезоната има многу проблеми, па иако е поквалитетен од Шефилд Јунајтед единицата не е „зациментирана“ бидејќи пречесто во последно време препушташе бодови на екипи против кои беше фаворит. Подобро бирајте ГГ.

ЛЕСТЕР

АРСЕНАЛ

Лестер на табелата е пред Арсенал и во последно време е во многу подобра форма. Менаџерот на гостите Унај Емери е под голем притисок: навивачите сакаат тој да си оди, се споменува Жозе Мурињо… Ризикувајте со единица или побарајте 2-3.

РУСИЈА 1

СПАРТАК МОСКВА

КРИЛА СОВЈЕТОВ

Последните сезони на нивните меѓусебни дуели како по правило паѓаат многу погодоци, а Спартак ги доби претходните четири. Меѓутоа, домашните се во проблематична форма, па не се осмелуваме да ви предложиме единица. Подобро пробајте ГГ.

ГЕРМАНИЈА 1

ХЕРТА

РБ ЛАЈПЦИГ

РБ Лајпциг никогаш не и лежел на Херта но сега работите можат да се променат. „Биковите“ доаѓаат после три одлични меча (6:1 во Купот против Волфзбург, 8:0 против Мајнц и 2:0 против Зенит во Санкт Петерсбург). Од друга страна Херта се уште ја мачи поразот во градското дерби. Ефикасна двојка е единственото што доаѓа во предвид.

ШАЛКЕ

ФОРТУНА ДИЗЕЛДОРФ

Двата ривали славеа во претходното коло и малку го симнаа притисокот. Квалитетниот и амбициозен Шалке е многу поблиску до вториот врзан триумф затоа што Фортуна е во серија од четири порази надвор од Дизелдорф. На љубителите на комбинациите им предлагаме 1&2-4.

ТУРЦИЈА 1

ГАЗИШЕХИР

ГАЛАТАСАРАЈ

Дебитантот Газишехир има само бод помалку од славниот гостин кој само на моменти пружа партии слични на оние од претходната, шампионска сезона и силно е мотивирана во првиот дуел со „лавовите“ да се покаже во што подобро светло. Единствениот тип е ГГ.

ШПАНИЈА 1

ВАЛЕНСИЈА

ГРАНАДА

Гранада се издува и се чини дека ќе го впише третиот едноподруго пораз, иако Валенсија и понатаму игра со многу осцилации и не успева да ја сочува мрежата. Затоа покрај единицата добар избор е и ГГ затоа што Гранада редовно дава голови на страна.

ЕИБАР

РЕАЛ МАДРИД

Реал повторно пропушти шанса да ја преземе водечката позиција, а Еибар, зад кого се триумфи над Виљареал и Леганес е способен да му зададе дополнителни грижи. Затоа традиционални типови се 3+ и КМБ 1+I&1+II се реални колку и двојката.

БАРСЕЛОНА

СЕЛТА

Никогаш не е добар момент за гостување на „Ноу Камп“, посебно не кога Барселона е бесна поради однапред пресметаните бодови (сега ја „сопна“ Леванте), а противникот има и нов тренер. Кецот е „бетониран“, а комбинирајте го со 4+ или 1ВГ2+.

ПОРТУГАЛИЈА 1

САНТА КЛАРА

БЕНФИКА

Бенфика има седум победи по ред во Примеира и навистина  не можеме ни да замислиме дека таа одлична серија може да биде прекината на гостувањето кај екипата од која никогаш не изгубила. Освен двојка ви препорачуваме и комбинација со 2-4 гола.

ИТАЛИЈА 1

ИНТЕР

ВЕРОНА

Интер во претходното коло едвај славеше на гостувањето кај Болоња, но за „нероаѕурите“ е најважно тоа што го задржаа чекорот со лидерот Јувентус. Верона не е лоша во гости, но кога ривалите и се многу полесни. Кецот е сигурен.

НАПОЛИ

ЏЕНОВА

Наполи три кола нема победа. Точно, дека играше со Аталанта и Рома, но веќе има голем бодовен дефицит во однос на водечкиот двоец. Џенова на страна освои само бод и воглавно прима многу голови. Комбинирајте единица и 3+.

БЕЛГИЈА 1

ШАРЛРОА

ЕУПЕН

Еупен е најдобар гостин меѓу екипите од долната половина на табелата, но сите три негови победи на страна беа против најзагрозените. Шарлроа се довлечка до топ 6 групата со намера таму и да остане, па единицат има предност, и тоа со 2-3 гола.