ПСЖ дојде до 10-тата победа во првенството, совладувајќи го Брест на гостински терен со 1:2. Ди Марија донесе водство, а Брест успеа да израмни на 1:1 во 72. минута.

Сепак, на крајот Икарди донесе триумф, со што ПСЖ и натаму се непркосновени во францускиот шампионат и сега имаат 30 бодови, 10 повеќе од второпласираниот Анжер.