Килијан Мбапе, најбараниот фудбалер во светот по се изгледа дека тешко ќе остане подолг период во ПСЖ, иако шеиците му нудат нов, баснословен договор. Покрај Реал Мадрид и Јувентус, сега во „игра“ се вклучува и Ливерпул.

Во Англија наголемо се пишува за овој можен трансфер, навивачите на „црвените“ секојдневно „притискаат“ за трансферот кој би го потресол светот.

Реалност или фикција!? Никој тоа уште не го знае…

Но се знае дека ако сака Ливерпул да го купи Мбапе, ќе мора прво да помогне Најк, моќниот спонзор кој во новата сезона ќе го „облекува“ европскиот првак, а како второ ќе мора да си оди Мохамед Салах.

Можеме само да претпоставиме каков бум на светскиот пазар ќе направи дресот на Ливерпул со името на Мбапе, со бројот…

Американските газди на клубот од „Енфилд“ немаат ништо против, навикнати се веќе на големи трансфери како пример оној на Вирџил ван Дајк, но ова е нешто многу големо, ова е спектакуларно.

Се разбира дека за ова се прашува и самиот Мбапе, тој би дошол само ако Ливерпул освои сезонава Лига на Шампиони или Премиер лигата. Ништо помалку…

Исто така се разбира дека за ова се прашува и Флорентино Перез, газдата на Реал Мадрид…