Навивачите на аргентинскиот клуб Колон планираат да постават нов Гинисов рекорд за присутност на поддржувачи на еден клуб на трибините, на финалето на Копа Судамерикана, кое се игра вечерва (21:30 часот) против Индепенденте дел Вале од Еквадор во главниот град на Парагвај, Асунцион.

Најавите се дека дури, рекордни 32 илјади навивачи ќе допатуваат во Парагвај за да го следат финалето.

Тие би можеле да го урнат рекордот од 1967 година кога 25.000 фанови на Рејсинг допатуваа во Монтевидео да го следат финалето против Селтик.

Финалето на Копа Судамерикана ќе биде само загревање за спектаклот на 22. Ноември кога се игра финалето на Копа Либертадорес меѓу Ривер Плата и Фламенго.