Во пресрет на последниот Мастерс турнир сезонава, оној во О2 арената во Лондон, осумтемина тенисери кои ќе учествуваат на истиот го направија селфито на сезоната, како најава за големите битки кои ќе ги следиме следната недела.

Турнирот ќе има и посебна нота поради тоа што Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал се борат за тоа кој ќе заврши како број 1 во 2019 година.

Новак Ѓоковиќ заедно со Роџер Федерер, Доминик Тим и Матео Беретини се дел од групата „Бјорн Борг“, додека светски рекет број еден Рафаел Надал, со бранителот на титулата, Александар Зверев, како и дебитантите Данил Медведев и Стефанос Циципас се дел од групата „Андре Агаси“.

Турнирот започнува на 10 ноември и ќе трае до 18 ноември, а интересно е што сите осум тенисери се претставници од различна држава.