Работнички падна во петото коло. Најтројфениот кошаркарски колектив беше совладан од дебитантот во Првата лига Академија ФМП, на гостински терен беше совладан со 87-83 (18-26, 23-24, 18-14, 28-19). Ова беше прв пораз за Димитар Мираковски како тренер на клупата на тимот од „Градски парк“.

Дебитантот и во претходните мечеви се покажа како незгоден противник, но се чини пулените на Мираковски не ја сфатија сериозно пораката која ја испрати. Работнички по првото полувреме имаше водство од 41-50 и се чинеше дека лесно ќе дојде до нови два бода.

Домашниот тим го доби третиот период со 18-14, а потоа во последните десет минути следеше вистинска драма. На крајот Стојановски заедно со Делипетров го предводеа ФМП до првата и историска победа оваа сезона.

Начевски со 24 поени беше прв стрелец, зад него беа Стојановски и Шалев, заедно постигнаа 30 поени.

На останатите средби МЗТ Скопје мина тесно во Битола славеше со 89-84, додека пак на првата средба од петото коло Куманово го совлада Гостивар со 81-70.