Сташ Скубе беше прв стрелец во ремито на Вардар против Келце (29-29) во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите. Словенецот средбата ја заврши со седум погодоци, два од нив ги постигна на маестрален начин.

Скубе покажа дека е „специјалист“ за лажњаци, на двапати добро ја измами одбраната на полскиот тим.