Навивачите на Херта на убав начин ја одбележаа 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид. А се погоди и убав момент – дуел помеѓу Херта од западен Берлин и РБ Лајпциг од Источна Германија.

Навивачите го поделија теренот со картонски ѕидови и потоа ги турнаа исто како и настаните во 1991 година кога беше урнат фамозниот ѕид кој ги делеше западен и источен Берлин и означи обединување на Германија.

А победник на дуелот беа фудбалерите на РБ Лајпциг со 4:2.

Другиот берлински клуб Унион славеше (2:3) на гости кај Мајнц, и Аугзбург како гостин ги однесе бодовите од Падерборн (0:1), а Шалке и Фортуна одиграа 3:3.