Попладнево во Струга, по многу години гостува Вардар, нашиот најтрофеен клуб и во моментов лидер на табелата. Во рамките на 14. коло во ПМФЛ, Струга Трим Лум го дочекува составот на стратегот Александар Васоски, меч кој слободно може да се каже дека, покрај утрешниот дуел Работнички – Шкендија, е дерби на колото.

Меч кој предизвикува големо внимание во градот на поезијата, сега во градот и на прволигашкиот фудбал, но и во околината. Вардар не доаѓа секој ден, Вардар јуриша кон титулата, а Струга Трим Лум пак со својот тренер Јетон Беќири, посакува најмалку реми ма овој меч. Вардар во првенството е во налет, нема пораз еве веќе 12 кола по ред, мало потсетување дека на стартот загуби од „лавовите“ и потоа во најблаго кажано „мелеше“ се по ред.

За Струга ТЛ нема да може да настапи стоперот Христијан Драгарски кој е под суспензија, додека кај Вардар нема „жолтица“, има повреди, но составот ќе се знае непосредно пред стартот на денешниот меч кој започнува во 13 часот.