Ракометарите на Бутел запишаа убедлива победа 32:23 (17:10) против Пелистер во 10. коло од Суперлигата пред својата публика. Не оставија ништо на случајност домашните ракометари и од самиот старт имаа водство од 5:1 кое го надоградуваа до полувремето.

Во вториот дел дојдоа и до највисоките 26:16, што остави простор за повеќе комбинации во составот и простор за помладите ракометари. Најефикасен беше Мајиќ со осум гола, додека во редовите на Пелистер Дарио Петровски постигна четири погодоци.

Во братскиот дуел меѓу Металург и Металург 2, очекувана разврска, сениорите славеа со 39:27 (16:12). До 10:10 се играше изедначено, а потоа тимот на Зоран Кастратовиќ наметна свој ритам, кој помладите „металурзи“ не можеа да го следат.