Попладнево по 15 часот во малата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одржат финалните борби на најновото издание на боксерската ревија, „Златен Гонг“. Македонските боксери имаа добар старт на натпреварите и дури тројца обезбедија пласман во денешните финалиња.

Во категоријата до 60 килограми, нашиот Јасир Љама во финалето за противник го има Норбет Ваш од Романија. Алим Насуфи во категоријата до 64 килограми во финалето ќе се сретне со Бајоку од Косово, додека во категоријата до 75 килограми, третиот наш финалист Арсим Етеми ќе се соочи со Албанецот Албан Беќири.