Финалето на Лигата на шампионите за сезоната 2023/24 би можело да се одржи во Соединетите американски држави, објави „The Morning Consult“. УЕФА планира револуционерен потег кој речиси сигурно ќе ја промени перспективата за најсилното клупско натпреварување на планетата која ја имаме досега.

Според извори од УЕФА, европската куќа на фудбалот веќе преговара со трговските партнери за организација на едно ЛШ финале во странство. Најверојатно место за играње е стадионот „МетЛиф“ во Источен Радерфорд (Њу Џерси). Преговорите се во рана фаза. Доколку двете стран постигнат целосен договор, тогаш финалето во Лигата на шампионите ќе се одржи надвор од Европа за првпат во 2024 година.