Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер објасни зошто се откажа од официјални натпревари до Австралија опен.

Популарниот „Федекс“ требаше да биде дел од швајцарскиот тим на АТП Купот на почетокот на 2020 година, но реши да се откаже од новото натпреварување. Тој ќе остане да се подготвува за настапите во Мелбурн преку егзибициски турнири.

„По многу дискусии со мојот тим околу изгледот на календарот за следната година, решив дека ќе ми бидат потребни дополнителни две недели, како за моето семејство, така и за тенисот. Жел ми е што морам да се откажам од возбудливото ново натпреварување (АТП Куп), но мислам дека ова е вистинската одлука за мене за да бидам подготвен за долгата сезона 2020-та“, истакна Федерер.