Еуроникел немаше проблеми да се справи со младите „металци“ во „Јане Сандански“, победувајќи ги со 61:96. Во текот на целиот меч и во текот на сите четвртини Еуроникел излегуваше како победник, и само континуирано ја зголемуваше предноста која на крајот изнесуваше 35 разлика.

Најефикасен кај гостите беше Караколев со 17 поени, додека на целата средба најефикасниот кошаркар дојде од редовите на домашниот тим, односно Тодоровски кој постигна 18 поени.

Еуроникел сега е на чело на табелата со четири победи и еден пораз.

Фото: РТК