Мајнц се раздели со својот тренер Сандро Шварц после вчерашниот пораз од Унион Берлин. 41-годишниот Шварц спогодбено го раскинал договорот со клубот, стои во официјалното соопштение.

Шварц е поранешен фудбалер на Мајнц, а кормилото го превзеде во 2017 година. Минатата сезона заврши на 12. позиција на табелата.