Ова беше 13 меѓусебен меч меѓу Работнички и Шкендија, во кој клубот од Градски парк не успеа да победи. Ова беше седми триумф во серија на тетовци на исто толку одиграни мечеви меѓу овие две екипи. Едноставно Работнички не знае како треба да со шампионот, а го имаше на „тацна“ што се вели. Имаше водство, имаше 5-6 зицери, имаше се што треба за да ја победи Шкендија, но не успеа. Од друга страна тетовци со двата гола на Агим Ибраими од пенал дојде до триумф од 2:1 и со тоа ја намали разликата во однос на Вардар на девет бодови.