Стратегот на Јувентус Маурицио Сари го објасни потегот со тоа што го извади од игра Роналдо на мечот со Милан што е втор пат по ред. Роналдо на излегување остро го погледна Сари и веднаш се упати во соблекувалната без да се поздрави со тренерот.

Мораме да му се заблагодариме на Роналдо затоа што тој се жртвуваше за тимот вечерва. Тој сакаше да игра, но видов дека не се чувствува добро и затоа го извадив. Нормално дека е незадоволен што мораше предвреме да го напушти теренот, посебно што напорно работеше за да се игра. Тој влече повреда на коленото, поточно на тренинг го  повреди лигаментот. Кога малку ќе го преоптерети коленото веднаш реагира, а ако не внимава може да си направи дополнителни проблеми“, изјави Сари.

Ми се допадна тимскиот дух. Но мораме да ги намалиме грешките кои вечерва ги имаше многу, лесно ја ’продававме’ топката и му отворавме простор на Милан. Желбата за победа не водеше до трите бода. Милан имаше шанси, но сите удари им беа надвор од шеснаесетникот. Морам да признаам дека тие имаа подобра пас игра“, додаде стратегот на Јувентус.