Али Адем, или како што го нарекуваат турците „новиот Елмас“, во јануари си заминува од Вардар и ќе потпише за турскиот тим Касимпаша.

Адем е еден од најдобрите играчи во средниот ред на лидерот на табелата, и воопшто во нашиот шампионат. Сега е пред трансфер во Турција и тој ќе се случи многу брзо.

Инаку Адем во летниот преоден рок беше поврзуван со Фенербахче, како замена за Елмас кој за 15 милиони замина во Наполи.