Шпанскиот тренер Унај Емери доби поддршка од управата на Арсенал и покрај лошите резултати и оддалечувањето од борбата за место во Лигата на шампионите. Челните луѓе порачаа дека Емери ќе остане во Арсенал но го предупредија дека мора да ги поправи резултатите во што е можно побрзо време.

Арсенал влезе во криза и има само две победи на последните 10 премиерлигашки натпревари.

Разочарани сме како и секој навивач на Арсенал поради резултатите и настапите оваа сезона. Ја делиме фрустрацијата со нашите фанови, Унај, неговите помошници и фудбалерите, затоа што не се оди според очекуваното. Работите мора да се подобрат, а исто така убедени сме дека Унај е вистинскиот човек за нас. Тој работи најдобро што знае и затоа има наша поддршка“, изјави директорот Винај Ванкетешам во името на сите раководни луѓе во клубот.