Шпанскиот Суперкуп ќе се одржи во јануари во Саудиска Арабија, а учесници ќе бидат Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Валенсија. Меѓутоа се појавија проблеми, поточно Валенсија е единствениот кој се жали за распределбата на финансиите од Суперкупот. Тие побараа ревизија на договорот и бара тие да добијат фер парична награда.

Моментално Валенсија ќе добие помалку од три милиони евра за учество, додека Реал и Барселона ќе добијат околу девет милиони евра.

Според „Марка“ паричната награда е распределена на три дела: едниот за учество (нешто помалку од 1 милион евра), една за успех (победник, финалист, полуфиналист) и уште еден базиран на претходните клупски успеси.

Токму третиот дел ја остава Валенсија со помалку пари во однос на Реал и Барселона. Дури и Валенсија да го освои турнирот ќе заработи помалку пари од Реал и Барселона ако тие испаднат во полуфиналето.

Зошто ние да добиеме помалку пари. Ние сме четири големи клубови во Шпанија, а ќе добиеме различна парична награда. Испративме писмо до претседателот на ФС на Шпанија Луис Рубиалес да преземе нешто. Не се откажуваме, ќе се бориме за нашите права“, изјавиа од Валенсија.