Утринава во БиХ, во подрачјето на Сараево, Брчко и Орашје, уапсени се неколку судии кои се обвинети дека во минатата 2018/2019 учествувале во „местење“ на натпревари. 

Припадниците на Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) ја отпочнаа акцијата со кодно име „ВАР“. Во неа се уапсени судии кои се товарат дека учествувале во криминални дејствија по неколку точки од законот.

Медиумите во БиХ утринава јавуваат дека тие судии, кои се уапсени, на одредени клубови им помагале или соработувале со нив. Потоа земале подароци и мито, а со оглед на тоа дека се уапсени и неколку контролори, тие пак се товарат дека и покрај грешките што намерно ги правеле судии, ги оценувале со добри оценки. 

Ништо ново, кога станува збор за овие простори.