Браниелот на шампионската круна на Мастерсот во Лондон Александар Зверев го победи Рафаел Надал со 6:2 и 6:4 во првиот меч од групата. Германскиот тенисер првпат во кариерата го победува актуелниот светски рекет број 1.

Во другиот меч од оваа група „А“ Циципас го победи Данил Медведев со 7:6(5) и 6:4.

Утре почнува второто коло, а во другата група ќе се соочат Федерер и Беретини, додека Ѓоковиќ игра со Доминик Тим.

Мечевите од групата „А“ продолжуваат во среда, а тогаш на мегдан ќе излезат Медведев и Зверев односно Надал и Циципас.