Иако беше неизвесно дали ќе можат да настапат на последните два квалификациски меча во групата за пласман на ЕП 2020, Стефан Спировски и Дарко Велковски денеска, сепак, добија „зелено светло“ за настап од репрезентативниот лекар.

По извршените контроли по нивното пристигнување во Скопје и Спировски и Дарко Велковски ќе му се стават максимално на располагање на селекторот Ангеловски за настап веќе на саботниот дуел со селекцијата на Австрија, но и потоа за дуелот со Израел во Скопје, со кој ќе го затвориме циклусот.