Интересен момент од натпревар во Израел. Во самиот финиш на мечот помеѓу Беитар и Макаби Хаифа имаше една ситуација која судијата не можеше да ја види најдобро. Побара помош од ВАР собата. Отиде до мониторот покрај теренот за да види снимка, а од ВАР собата му пуштија видео кадри од паркингот на стадионот. Тоа освен судијата го видоа и гледачите пред телевизиските екрани, но набргу потоа ја пуштија снимката што судијата ја побара.

Како и да е оваа снимка стана забава за цел свет.