Крилото на Вулверхемптон Адама Траоре е пречкртан од списокот на шпанската фудбалска репрезентација и тоа само неколку денови откако го повикаа. 23-годишниот фудбалер кој е дебитант во шпанскиот национален тим се повлече поради повреда, а не како што пишуваа некои медиуми дека одлучил да го претставува Мали.

За жал, морав да го откажам повикот на селекторот поради повреда која ја добив на мечот со Астон Вила во неделата. Ќе продолжам да работам, па ако даде Господ ќе бидам на следниот список“, изјави Траоре.

Траоре беше повикан на местото на повредениот Родриго Морено од Валенсија, а сега нов играч ќе биде Пабло Сарабија од ПСЖ.

Траоре е роден во Шпанија, а има и државјанство на Мали на основа на неговите родители кои се родени во таа африканска држава.