Играчот на Шахтјор Доњецк Тајсон, беше исклучен за време на натпреварот со Динамо Киев, откако покажа среден прст кон навивачите на Динамо Киев, револтиран од извиците на расизам.

И додека целиот свет застана на страната на фудбалерот, тој даде свој коментар.

„Нема никогаш да молчам и да ја кријам главата за нешто такво бедно како што е расизам. Ја сакам својата раса, се борам за бојата на својата кожа. Солзи ми потекоа од бес и се чувствувам немоќен. Секогаш ќе се гордеам со моето поткло. Да не се биде расист не е доволно. Мораме сите да се бориме за иста цел. Затоа да кажеме НЕ на расизмот“, рече Тајсон.