Серијата од осум победи во низа на ЛА Лејкерс заврши на домашен терен. Торонто е тимот кој успеа да го најде лекот за „езерџиите“, славеше со 104-113.

Првиот дел им припадна на домашните кошаркари на полувремето имаа позитива од 60-42. По одморот Торонто заигра многу подобро, полека ја топеше предноста на противникот, на крајот успеа да дојде до третиот триумф во низа, седми сезонава.

Лејкерси немаа помош од својот најдобар кошаркар. Леброн Џејмс средбата ја заврши со трипл-дабл од 13 поени, 13 скока и 15 асистенции. Ѕвездата на тимот од ЛА беше скромен во поентерскиот дел.

Сјакам и Ванвилт беа најефикасни кај победникот, првиот имаше 24 поени и 11 скока, додека вториот постигна еден поен помалку и десет скока.

Лејкерси останаа на првото место во Западната конференција, додека Торонто е втор на Истокот.

РЕЗУЛТАТИ: Орландо – Индијана 102-109, Филаделфија – Шарлот 114-106, Оклахома – Милвоки 119-121, Њујорк – Кливленд 87-108, Феникс – Бруклин 138-112, Портланд – Атланта 124-113, ЛА Лејкерс – Торонто 104-113.