Наџи Шенсој, поранешниот тренер на Пелистер со кого освои Куп трофеј во 2017 година, ќе го предводи тимот на Македонија ЃП.

Шенсој беше предводник на тимот на Пелистер во сезоната 2016/2017 кога екипата го освои фудбалскиот Куп, а потоа го предводеше тимот и во натпреварите од Лигата на Европа против Лех Познањ.

Екипата на „лавовите“ од утре почнува со тренинзи, по два дена слободни, и Шенсој ќе ја превземе тренерската „палка“ од Александар Таневски кој после „ремито“ со Борец си поднесе оставка од функцијата.