Раководството на италијанскиот шампион Јувентус нема да го казни Кристијано Роналдо за неговото однесување за време на дербито со Милан, кое „бјанконерите“ со 1-0.

Петкратниот добитник на Златната топка беше крајно разочаран од неговата замена уште на стартот на второто полувреме. Роналдо замина директно во соблекувалната и, според медиумите, го напуштил стадионот три минути пред последниот судиски свиреж.

По натпреварот, тренерот на шампионот на Италија, Маурицио Сари изјави дека го заменил португалскиот репрезентативец, поради здравствени проблеми.