Златан Ибрахимовиќ во март 2018 година дојде во редовите на ЛА Галакси, одигра 58 натпревари и постигна 53 гола и покрај тоа што има 38 години.

Неколку европски тимови покажаа интерес за Швеѓанецот чиј договор со ЛА Галакси наскоро истечкува. Милан, Наполи и Манчестер Јунајтед застанаа во редовите за него. Дури и Болоња се обиде да го убеди да дојде, но Ибра сакаше да се договори со поголем тим.

„Tuttomercato“ денеска открива дека најверојатно ќе остане во својот тим, со оглед на тоа што Милан не испратил понуда, Наполи се олади, а додека Јунајтед се повлече од трката.

Галакси на шведскиот напаѓач му нуди 14 милиони евра за уште две години.