Според „Дејли мејл“ потпирајќи се на свои извори од Италија открива дека Аурелио де Лаурентис може да го продаде Наполи и тоа на катарски инвеститори. Ал Тани е угледна фамилија од Катар, а поседува мнозинство на акции во францускиот шампион Пари Сен Жермен преку „Орикс Катар Спорт Инвестментс“.

Дел од членовите на таа групација сакаат да го купат Наполи и да го искористат моментот кога Де Лаурентис го губи интересот за својот клуб после сите случувања во последно време. Ситуација на „Сан Паоло“ е напната, играчите се загрижени за својата сигурност после серијата на казнени мерки поради непослушност.

Катарците понудиле 560 милиони евра за купување на Наполи, пишува „Дејли мејл“.

Де Лаурентис покрај Наполи е сопственик и на Бари, па може да го продаде неаполскиот клуб и да се сконцентрира на другиот клуб инаку некогашен прволигаш, а сега третолигаш. Богатиот филмски продуцент го купи Наполи во 2004 година и успеа да го врати при врвот на италијанскиот фудбал, но титулата се уште е недостижна. Додека Бари г