Ријад Марез во 2018 година замина во Манчестер Сити. Меѓутоа долго време траеше сагата на Алжирецот, дури едно време се закануваше со бојкот ако не го пуштат да замине. На крајот Лестер попушти, и се согласи да го пушти Марез за 60 милиони фунти.

„Изгубив две години на највисоко ниво. Зошто? Затоа што јас потпишав за Сити на 27 години, а можев да го сторам тоа на 24 или 25“, рече Марез во интервју за „Франс Фудбал“ кој открива дека во 2016 бил блиску до Арсенал.

„Мојот агент зборуваше со Венгер. Беше се готово, но одеднаш се расипа. Бев многу фрустриран“, рече Марез.