19-годишниот стопер на Вардар Марио Младеновски вторпат е во репрезентацијата на Македонија и ги чека првите минути. Селекторот Игор Ангеловски одлучи да го повика овој младински репрезентативец откако неколку играчи му откажаа поради повреди. Младеновски игра добро во домашниот шампионат и заслужува да биде дел од репрезентацијата.

Ние во овие два натпревари ќе влеземе максимално мотивирани. Првиот натпревар во Австрија е ептен тежок затоа што имаат јаки индивидуалци. Ќе го дадеме својот максимум. А Израел мислам дека би требало да го победиме“, изјави Младеновски.

Македонија ја очекува пеколна атмосфера на „Ернст Хапел“ во Виена, а за тинејџер како Младеновски да се игра пред полни трибини е одлично искуство.

Чест ќе ми биде ако селекторот ми даде шанса да играм на еден од овие два натпревари.  Настапот пред 40.000 гледачи за еден млад играч како мене многу значи. Тоа го почувствував кога бевме во Полска. Многу публика, убава атмосфера и многу е пријатно да се игра пред преполни трибини“, додаде Младеновски.