Украинската репрезентација се соочува со голем проблем на два месеци пред стартот на Европското првенство. Селекторот Серегеј  Бебешко денеска и официјално потврди дека нема да може да смета на услугите на Сергеј Онуфриенко, кој ќе мора да оди на операција на тетивата.

„Онуфриенко ќе се опоерира наскоро, според лекарите тој ќе се врати на тренинзите кон крајот на декември. Не сакам да ризикувам, здравјето на моите ракометари е на прво место“, изјави Бебешко.

Македонија и Украина ќе ги одмерат силите на 10. јануари во рамките на првото коло на ЕП, во нашата група уште се и селекциита на Австрија и Чешка.