Откако се појавија информации дека катарскиот шеик Тамин Бен Хамад Ал Тани сака да го купи Наполи за 560 милиони евра, веднаш стасал одговор од првиот човек на клубот од „Сан Паоло“, информира италијанскиот „Ил Матино“.

Катарскиот бизнисмен кој преку „Катар Спортс Инвестментс“ од 2011 е сопственик на ПСЖ, сака да влезе и во Наполи меѓутоа веднаш добил одговор од контроверзниот италијански бизнисмен.

Де Лаурентис нема да го продаде Наполи за помалку од 900 милиони евра. Да потсетиме дека филмскиот магнат го купи Наполи пред 15 години и го трансформира во сила во Серија А, а најдобриот резултат му е второ место. Исто така Де Лаурентис е сопственик и на третолигашот Бари.