Утре македонскиот млад национален тим ќе гостува на Шпанија, еден од фаворитите во нашата група. Македонската репрезентација се надева дека ќе ги продолжи добрите резултати од почетокот на циклусот.

„Утре не очекува натпревар против една од најдобрите европски репрезентации. Шпанија е топ фаворит во групата, но и силен мотив за нас. Очекувајте мотивирана Македонија со цел квалитетно да им се спротивставиме на домашните фудбалери. Овие квалификации ги започнавме со добри резултати и ќе направиме сѐ за да го продолжиме тој пат. Ветуваме голема борба и максимална ангажираност од сите во репрезентацијата“, рече репрезентативец Давор Здравковски.