Тренерот на Интер, Антонио Конте знае дека неговиот начин на работа не им се допаѓа на сите. Меѓутоа засега сето тоа дава резултати, откако Интер е на чекор до Јувентус во битката за првото место.

Конте е познат по својот фанатичен стил на работа, секогаш го вади максимумот од играчите, и самиот вели дека некому тоа не му се допаѓа.

„Морам да бидам првиот кој ќе биде пример и да дадам не 100, туку 110%. Кога ќе стигнете во нов клуб, не можат сите да бидат навикнати на темпото кое ќе го внесете, и ризикувате некој да ве напушти. Меѓутоа ако амбицијата е да се победи, да се постигне нешто историско, тогаш е неизбежно да барате максимум од себе и од другите. Тоа е начин на кој може да победите. Може на крајот нема да победите, ама важно е на крајот на сезоната да знаете дека сте дале се од себе“, вели Конте.