Ниту Милан, ниту Карлос Анчелоти не можат да бидат задоволни од моменталната ситуација.

На италијанскиот стратег оваа сезона не му оди баш најдобро во Серија А, неговиот тим на последните четири средби не знае за победа.

Анчелоти не е во добри односи ниту со првиот човек на Наполи, Де Лаурентис, откако ја одби неговата наредба да ги смести фудбалерите во карантин, по што настана хаос во тимот. Атмосферата не е најдобра, а тој е под голем притисок.

Неофицијално Анчелоти има ултиматум, своето место во тимот може да сочува само ако ги добие дуелите против Милан во Серија и Ливерпул во Лигата на шампионите, во спротивно ќе добие отказ.

Но, доколку се случи тоа, италијанските медиуми пишуваат дека веќе има отворени врати во Милан доколку Паоло Малдини остане технички директор.

Анчелоти ги водеше „роснерите“ од 2011 до 2009 година, освои две титули во Италија, и двапати ЛШ.