Играчот од средниот ред на Бреша, Сандро Тонали, се најде високо на листата на потенцијални засилувања за екипата на Манчестер Јунајтед, но претседателот на италијанскиот клуб, вели дека 19-годишникот нема да го напушти клубот за цена под 300 милиони евра!

Тонали оваа сезона одигра 11 натпревари за тимот, па претседателот на Бреша, Масимо Челино, потврди дека тинејџерот вреди 300 милиони евра и тоа е цената која ќе им ја каже на сите клубови кои ќе посакаат да го купат. И покрај астрономската цена, дел од медиумите од Англија велат дека „црвените ѓаволи“ имаат силен интерес за креативниот играч за врска. Манчестер Сити, Атлетико Мадрид и ПСЖ исто така сакаат да се засилат со Тонали, но цената која Челино ја бара за него, како да ги одвраќа од намерите.

Тековниот договор на Тонали со Бреша истекува во 2021 година, но Бреша има опција да го продолжи договорот за уште една година.