Денеска стартува новиот формат на Копа дел Реј или Купот на Шпанија во кој за првпат се вклучени клубови од регионалните лиги. Вечерва се играат еден вид на квалификациски натпревари, а победниците ќе се пласираат во 1. рунда каде влегуваат и клубови од Сегунда и Ла Лига. 17 четворолигаши, два петтолигаши и еден третолигаш ќе бараат пласман понатаму.

КОПА ДЕЛ РЕЈ – КВАЛИФИКАЦИИ
АНДОРА – АНДРАЧ
среда, 19.00

ПРЕДЛОЗИ
ПК 1-1   1,60
КМБ 1&3-5         1,85
* квотите подлежат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА МЕЧОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НА ОВОЈ ЛИНК

Единствениот третолигаш е ФК Андора, клубот во кој мнозински акционер е ѕвездата на Барселона Жерар Пике. Клубот кој доаѓа од главниот град на Андора за противник го има четвртолигашот Андрач, минатосезонскиот шампион на регионот Мајорка. Интересно, сите учесници имаа една желба – да ја избегнат Андора, меѓутоа клубот од Балеарските острови ја имаше таа несреќа да го добие за противник клубот на Пике кој според квотите е огромен фаворит.

ФК Андора е минатогодишен шампион на првата каталонска лига, а се натпреварува во Третата лига место во четвртата откако за 452,000 евра ја откупи лиценцата за настап од клубот Плаза дел Реус кој се откажа поради долгови.

ФК Андора е интернационален состав, а освен Шпанци и Андорци има Аргентинци, фудбалери од Франција, Швајцарија, Мали и Сенегал.

Наши предлози за овој меч се ПК 1-1 и 1&3-5.