Утринава на теренот на ФФМ одработен беше и третиот тренинг на нашите репрезентативци од подготовките за дуелите со Австрија и Израел.

Убава атмосфера, работна, малку скокови, малку повеќе склекови, малку насмевки, многу повеќе сериозност. Пандев трча како да е дечко од 20 години, Мрме нешто се фаќа за половината, дали го боли? Нестор му покажува на Аврамовски како треба да се изведуваат волеј-ударите. Дијамантот е со мислите во Скопје, засега Наполи е во втор план.

Пораката е пратена: Сите за Македонија… против Австрија и Израел!