Пред неколку месеци некогашниот играч на Краснодар Олег Самсонов тврдеше дека српскиот тренер Славољуб Муслин му барал 20% од месечната плата за да го пушти во првиот тим. Нормално српскиот тренер ги негираше овие обвинувања, а истиот новинар кој го работел тоа интервју разговарал и со поранешен играч на Локомотив од Москва.

Исо Кањенда, фудбалер од Малави изјави дека Муслин во времето кога работел како тренер во Локомотив му барал 2.500 долари за да го пушти да игра.

Муслин ми рече: ’Ако сакаш да играш во Локомотив, мораш да платиш’. Секој месец по 2.500 евра. Веднаш одбив. Не можам да играм така. Ако треба ќе се вратам во Ростов, нема да дадат толку пари. Иако во Локомотив платите беа високи, но јас не можев да заработам многу затоа што таму бев само шест месеци“, вели Кањенда.

А Муслин веднаш одговори на овие обвинувања:

Кога бев во Локомотива, Кањенда не играше таму. Никогаш не сум го видел во животот и не знам за што зборува. Патем, во Локомотива заработував 100.000 долари месечно, зошто би барал од било кого 2.500 долари?“, изјави Муслин.