Зад хрватскиот напаѓач се едни од најтешките месеци во неговата кариера. Со доаѓањето на Маурицио Сари, Марио Манџукиќ е втор план на Јувентус, па веќе во јануарскиот преоден рој ќе замине.

Неговото име беше поврзувано со бројни клубови, најупорни се Манчестер Јунајтед, но трансферот е далеку од реализација поради парите кои ги бара тимот од Торино.

Иако Манџукиќ прифати да потпише договор за помала плата и недело да заработува 300.000 фунти, сепак Јувентус не сака да го пушти без 11,7 милиони евра.

Челниците на клубот сакаат да добијат што поголема сума на пари иако тренерот не смета на него, па нема да биде изненадување доколку некогашниот шампион на Европа се откаже.

Манџукиќ во клубот дојде во 2015 година одигра повеќе од 100 меча, но на крајот се чини разделбата нема да биде пријателска.