Женската сениорска репрезентација тргна кон Нердлинген. Избраничките на Владимир Ѓоровиќ утре против Германија ги отвараат квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 година.

Новиот предвоник на нашата најдобар селекција одлучи во составот да нема натурализирана кошаркарка, барем за овој циклус.

Натпреварот со Германија е закажан во 19 часот. Три дена подоцна, Македонија во Скопје ќе биде домаќин на Летонија, мечот се игра во СЦ „Јане Сандански“.