Фудбалерите на Јувентус очекуваат првата ѕвезда Кристијано Роналдо да се извини за постапката на натпреварот со Милан кога го напушти стадионот пред да заврши натпреварот.

Роналдо беше сменет во 55. минута со Дибала, кој го реши мечот, а Роналдо, наводно на три минути пред крајот си заминал од стадионот, што е спротивно од кодексот на однесување.

Роналдо нема да биде казнет, но соиграчите очекуаат извинување.